Вести|

1 февруари 2022, Скопје – Република Северна Македонија и Република Бугарија имаат исти цели – економски раст и подобар животен стандард. Заедничките активности што ги утврдиме уште на првата средба во Софија и  конкретните чекори што денеска ги договоривме на првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации, а на кои во наредниот период ќе работат одделните институции, ќе дадат придонес кон остварување на целите.

Ова го заклучија министерот за финансии на РС Македонија, Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер, кои денеска во Скопје беа копретседавачи на првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации.

„Денеска имавме можност да дискутираме за важни теми што ја покажува нашата заложба за унапредување на економската соработка. Иновации, инвестиции, поддршка на претприемништвото, технолошки развој, како и развој на нови иновациски инструменти беа тема на денешниот состанок“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додаде дека двете страни ќе го дадат својот максимум за да ја остварат поставената цел, а тоа е зајакнување на економската соработка.

„Формирањето и функционирањето на Работната група е веќе реалност и ќе се заложиме идеите што ги споделивме да се претворат во конкретни проекти кои ќе имаат влијание врз развојот, растот и стандардот на граѓаните“, рече министерот Бесими.

Заедно со министерот на Република Бугарија, Лорер наведоа дека конкретно е договорено да се воспостави механизам за заштита на инвеститорите од двете земји.

„Исклучително важна тема што ја поддржавме е механизмот за транспарентност на инвестициите. Преку овој механизам секој бугарски инвеститор во РС Македонија, како и секој македонски инвеститор во Бугарија ќе има можност при најмал сомнеж за дискриминација или нееднаков третман од локалните и централните власти да даде сигнал дека истите ќе да бидат видливи на највисокото политичко ниво“, изјави Лорер и истакна дека овој механизам има за цел да обезбеди непречено работење на секој инвеститор од двете страни на границата.

На состанокот е донесен заклучок и за конкретна соработка меѓу Фондот за иновации и технолошки развој од земјава и Фондот на фондови од Република Бугарија за развој на проекти и поддршка на компании од двете земја во однос на иновации.

На денешниот состанок формирани се повеќе работни групи, кои во наредниот период ќе работат на конкретни активности.

Како што беше истакнато од страна на министрите Бесими и Лорер процесот е партиципативен и инклузивен, и денес во рамки на одржувањето на првиот состанок делегациите ќе се сретнат со стопанските комори од двете земји, кои имаат важна улога и ќе бидат додадена вредност на она што се презема.

Работната група за економија, трговија и иновации беше формирана минатата недела за време на одржувањето на заедничката седница на владите на РС Македонија и Република Бугарија при што беа утврдени приоритетите и динамиката на работа, согласно која тие ќе се состануваат еднаш во месецот.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window