Вести|

15 ноември 2022, Скопје – Собранието на РС Македонија на денешната седница го усвои Предлог-законот со кој на РС Македонија ќе ѝ стојат на располагање 530 милиони евра, средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ. Пристапот на земјата до овие средства е потврда од страна на Меѓународниот монетарен фонд за спроведувањето здрави политики.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими вчера во образложение на Предлог-законот пред матичната собраниска Комисија рече дека обезбедувањето средства преку овој Инструмент е дел од стремежите на Владата на РС Македонија и Министерството за финансии, во овие услови на криза кога на пазарите на капитал се високи цените, да се обезбеди финансирање по најповолни услови.

Со Законот, како што рече, е предвидено РС Македонија да има пристап до 530 милиони евра, од кои до крајот на годината треба да се повлечат 110 милиони, а наредната 155 милиони евра. Тоа се средства потребни за справување со последиците од енергетската криза и за поддршка на граѓаните и стопанството, кои се најпотребни во претстојната зима.

Целта на Инструментот е да обезбеди ефективна заштита од кризата за оние земји членки на ММФ што имаат здрави економски основи, односно политики.

Министерот потенцира дека Инструментот за претпазливост и ликвидност е воспоставен во 2011 година и е наменет за земјите членки на Меѓународниот монетарен фонд – ММФ со здрави основи и политики и докажана практика за имплементација на политиките и кои во даден момент може да имаат и потреба од финансирање поради одредени ризици што би можеле да доведат до таква потреба.

„За да може една земја да се квалификува да го користи овој Инструмент е да има здрави економски основи и институционални рамки на политики; да имплементира и да има докажана практика на имплементирање здрави политики и да остане посветена на одржување на таквите здрави политики во иднина.

Одборот на ММФ треба да ги одобри средствата до крајот на овој месец. Предвидено е да се користат во наредните 24 месеци. Рокот на отплата на средствата што ќе се повлечат е утврден на три години и три месеци од нивното повлекување. Каматната стапка по која се обезбедуваат средствата во овој момент изнесува од 3,66% до 4,66%.

Ова е само еден од начините на кој оваа година се обезбеди финансирањето на буџетскиот дефицит. Моделот што се примени од страна на Министерството за финансии и Владата овозможи заштеда од 40 милиони евра годишно само по основ на камата.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window