Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии

                                           Twinning Project MK11 IB FI 01

 

Twinning Project MK11 IB FI 01

 “Strengthening the medium term budgeting for effective public financial management"

 

Основни информации:

 

Име на проектот: „Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии“

Корисник: Министерство за финансии, Сектор за буџети и фондови

Имплементиран од: ХАУС Фински институт за јавен менаџмент

Период на имплементација: 01 Декември 2015 – 20 Ноември 2017

Вредност: 1.100.000,00 ЕУР

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Националната ИПА Програма ТАИБ 2011

 

Краток опис:

Главна цел на твининг проектот ,,Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии,, е да обезбеди одржливост на јавните финансии и нивно поефикасно управување. Активностите во рамки на овој проект ќе бидат насочени кон утврдување на програмска класификација на расходите, зајакнување на капацитетите за среднорочно планирање и известување согласно методолоијата ESA, а сè со цел унапредување на квалитетот на јавните расходи.

Компоненти:

  • Компонента 1: Понатамошно зајакнување на програмското буџетирање - Оваа компонента се очекува да резултира со подобрена програмска класификација и развиени процедури за дефинирање, мониторинг и известување на програмските индикатори.
  • Компонента 2: Подобрено среднорочно буџетирање - Оваа компонента ќе резултира со подобрен капацитет на Секторот за Буџет и фондови и на пилот буџетските корисници за среднорочни фискални проекции и развивање на среднорочна рамка на расходи.
  • Компонента 3: Подобрено фискално известување - Оваа компонента ќе резултира со развиен капацитет на Министерство за финансии за фискално известување во согласност со стандардите на ЕУ и барањата во областа на јавните финансии. 

Експерти од Финска, Словенија, Австрија и Холандија ќе соработуваат со експерти од Министерство за финансии во бројни активности кои се планирани со временската рамка на проектот. Покрај Секторот за буџети и фондови, соработка ќе се оствари и со Секторот за трезор, Секторот за даночна и царинска политика, Секторот за макроекономија и Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг во Министерство за финансии, како и Управата за јавни приходи и Државниот завод за статистика.

 

За дополнителни информации:

Постојан твининг советник Г-а Јонна Бергхал

jonna.berghall@finance.gov.mk

Соработник на постојаниот твининг советник, Г-дин Мартин Новески

martin.noveski@finance.gov.mk  

Асистент на проектот Г-а Катерина Димовска

katerina.dimovska@finance.gov.mk

 

Активност 0.1 почетна конференција ИЗВЕШТАЈ

Квартални информации за периодот од декември 2015 - февруари 2016 година

Кратко резиме од Извештајот 1.1

Квартални информации за периодот од март 2016 - мај 2016 година

Квартални информации за периодот од јуни 2016 - август 2016 година

Кратко резиме од Извештајот 2.1

Квартални информации за периодот од септември 2016 - декември 2016 година

Обука за среднорочна буџетска реформа одржана во Струга

Квартални информации декември 2016 - февруари 2017

Прирачник за среднорочна буџетска рамка и среднорочна рамка на расходи

Квартални информации март 2017 - мај 2017