Караванот „Купи куќа за млади“ утре во Куманово, Крива Паланка и Кратово

 

Караванот „Купи куќа за млади“ утре во Куманово, Крива Паланка и Кратово

 

Караванот „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре, 23.3.2016 година, ќе ги посети Куманово, Крива Паланка и Кратово.

Презентациите ќе се одржат во 17 часот и тоа во Куманово во Домот на културата, а во Крива Паланка и во Кратово во општинските сали.

Во следните седмици Караванот ќе ги посети Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Дебар.