Македонија останува меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа

Во однос на невистините искажани на пресот на Кире Наумов би сакале да истакнеме дека:

Македонија е умерено задолжена земја и доколку се вкалкулираат средствата од еврообврзницата, согласно податоците на ЕУРОСТАТ Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг под 50 отсто од бруто домашен производ.

Постапката за издавање на еврообврзницата е согласно сите законски прописи и истата беше усогласена со Министерството за правда, правните застапници на Владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата.

Во проспектот за издавање на еврообврзницата и во одлуката на Владата, кои се службени документи стои дека средствата од еврообврзницата ќе се искористат за буџетските потреби во 2016 и 2017 година и отплата на долг.

И покрај сите опструкции од страна на опозицијата, инвеститорите изразија доверба во економските политики на Владата.

Еврообврзницата ќе обезбеди макроекономска стабилност во турбулентни политички услови.