Министерство за финансии започна со исплатата на субвенциите

18 мај 2017 Скопје - Денес Министерството за финансии започна со исплатата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник со што се отстранија законските пречки за исплата.

Исплатени се 463 милиони денари субвенции во рамки на кои целосно се подмирени обврски за субвенции заклучно 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органзко производство и рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 364 милиони денари субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа.

Министерството за финансии остана доследно на спроведување на законската регулатива и покрај бројните шпекулации изминатиов период. Веднаш штом се создаде законска можност Министерството за финансии започна со исплата на субвенциите кон земјоделците.