Средба помеѓу МФ и НБРМ

7 јуни 2017, Скопје - Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретна со гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Тема на средбата беше унапредување на соработката помеѓу Министерството за финансии и Народна банка и важноста на координацијата на фискалната и монетарната политика за економскиот систем.

На средбата и двете страни ја потврдија заложбата за одржување на макроекономската стабилност и спроведување политики кои ќе придонесат за одржлив економски раст.