Соработка со ЕБРД

9.06.2017, Скопје - Денеска, министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, со својот економски тим, оствари средба со претставници на Европската банка за обнова и развој предводени од Анка Јоана Јонеску, директор на ЕБРД надлежен за Македонија.

Јонеску изрази задоволство за соработка со министерот Тевдовски, посакувајќи му успех во работата.

На средбата и двете страни се согласија дека со заеднички заложби треба да се поддржат реформите во инфраструктурата и енергетиката, а воедно да зајакне финансирањето и поддршката на малите и средни претпријатија.

Македонија соработува со ЕБРД 24 години, при што се одобрени 104 проекти во вкупен износ од 1,6 милијарди евра.

Во моментов со заем од ЕБРД се изведуваат проекти во вкупна вредност од 727 милиони евра, од кои 79 проценти се пласирани во инфраструктурата, 14 проценти во енергетскиот сектор, 4 проценти во финансискиот сектор и 3 проценти во индустријата, трговијата и агробизнисот.