Средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли

Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, заедно со својот економски тим, оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли.

Амбасадорот упати честитки до Тевдовски за новата функција министер за финансии, која е една од најодговорните во државата.

Тевдовски истакна дека активно ќе работат на реформи што ќе значат подобро управување на јавните финансии во Македонија, кои ќе резултираат со зголемување на економскиот раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

На средбата соговорниците разменија мислења и за глобалните предизвици.