Ширет Елези ја презеде функцијата заменик-министер за финансии

23 јуни 2017, Скопје - Заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, денеска официјално ја презеде функцијата од нејзиниот претходник, Гзим Беадини. Беадини ѝ честиташе на новата заменик–министерка и ѝ посака успех во работата.

Во оваа прилика, заменик-министерката денеска беше пречекана од министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тевдовски ја запозна со тековните активности во Министерството и изрази надеж за добра соработка во иднина.

Елези доаѓа од местото министер за локална самоуправа.