Средба со амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет

6 јули 2017 Скопје - Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и заменик-министерката за финансии д-р Ширет Елези денеска остварија средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Неговата екселенција г. Чарлс Гарет.

На средбата беше истакната поддршката за реформските процеси и приоритети на новата влада во областа на јавните финансии.

Од страна на амбасадорот беше посочено дека Велика Британија е пријател на Македонија и дека ја поддржува во интеграциските и реформските процеси.