Јавен настан за Програмата за управување со јавните финансии

18 септември 2017, Скопје - Утре (19 септември) во Министерството за финансии ќе се одржи јавен настан за презентација на Програмата за управување со јавните финансии и отпочнување на процесот за јавни дискусии и консултации со засегнатите страни.

Агенда на настанот:

10:45 часот Изјави за медиумите

11:00 часот Презентација и отворена дискусија за Програмата

Настанот ќе се одржи во Дебатната сала во Министерството за финансии (9 кат). Од логистички причини ги замолуваме новинарските екипи да дојдат најмалку 15 минути пред изјавите, односно во 10:30 часот.