Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност

19 септември, 2017 Скопје - Министерството за финансии на аукцијата одржана на 19.9.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 4.694,34 милиони денари (76,33 милиони евра).

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна калузула во износ од 2.945,00 милиони денари со камата од 1,85%, 12-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 493,24 милиони денари со камата од 1,75% и 15-годишни државни обврзници во износ од 1.256,10 милиони денари со камата од 3,80%.

 

На 20-ти септември, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 3.554,00 милиони денари (57,79 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.

Разликата од 1.140,34 милион денари (18,54 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија.

 

Резултатите од аукцијата се објавени на следните линкови: 

12-месечни државни записи

12-месечни државни записи со девизна клаузула и 

15-годишни обврзници со девизна клаузула.