МФ: Веќе е почната исплатата на минимална плата од 12.000 денари во јавниот сектор

10 октомври 2017, Скопје - Во насока на точно информирање на јавноста, Министерството за финансии истакнува дека ќе ги почитува законите и прописите во однос на исплатата на минималната плата во јавниот сектор. Исплатите на минималната плата се вршат согласно законските решенија и доставените барања од буџетските корисници.

Кај дел од институциите веќе се префрлени средства за минимална плата и тие ќе ја исплаќаат согласно предвиденото со закон.

Би сакале да истакнеме дека законите подеднакво важат за сите и истите во целост се почитуваат од страна на Министерството за финансии.