Кампања „ЕУ за тебе“ (ВИДЕО)

 
00:00

21 ноември 2017, Скопје - „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“ е кампања на Европската унија со која се обезбедува поддршка за секторите за вработување, образование и социјална инклузија. Обезбедената поддршка од страна на ЕУ изнесува 37,5 милиони евра.

На лансирањето на кампањата, заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски присуствуваа еврокомесарот Јоханес Хан, евроамбасадорот Самуел Жбогар, заменик-претседателот на Владата за евроинтеграции Бујар Османи и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Погледнете го обраќањето на министерот за финансии Драган Тевдовски.