Средба со највисоки претставници на СБ во Софија

6 декември 2017, Софија - Владина делегација предводена од министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, попладнето во Софија се сретнаа со Кристалина Георгиева, главна извршна директорка на Светска банка, придружувана од Сирил Милер, потпретседател на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија и Линда Ван Гелдер, регионална директорка на СБ за Западен Балкан.

На средбата се разговараше за продлабочувањето на соработката меѓу земјите од Западен Балкан како и поддршката што ја дава Светска банка.

Владината делегација на Република Македонија го изрази цврстиот став на Владата за интензивирање на инфраструктурните проекти, како и за подобрување на поврзувањето во делот на трговијата, транспортот и информатичката технологија.

На средбата беше изразена заедничката согласност на двете страни дека унапредувањето на соработката во последните месеци ќе продолжи и во иднина.

Средбата на делегацијата се одржа во пресрет на утрешната Меѓународна конференција во Софија „Посилна регионална интеграција на Балканот“ на која ќе присуствуваат премиерите на државите од Западен Балкан.