Одржани консултации за Нацрт-програмата на економски реформи 2018 - 2020 година

 5 декември 2017, Скопје - Денеска во Министерството за финансии беа одржани консултации со бизнис заедницата, универзитетите, локалните власти, социјалните партнери, граѓанскиот сектор и другите чинители и заинтересирани страни за Нацрт-програмата на економски реформи за 2018 – 2020 година.

 

На консултациите, министерот за финансии д-р Драган Тевдовски им се заблагодари на учесниците за големата заинтересираност и за активниот придонес во процесот на изработка на документот. 

На барање на учесниците, на консултациите беше договорено мислењата, коментарите и предлозите да се достават најдоцна до понеделник, 11 декември, наместо до 8 декември, со што на заинтересираните страни би им се дал подолг период за забелешки. 

Нацрт-програмата на економски реформи за 2018 – 2020 година (ПЕР 2018), Владата на Република Македонија ќе ја достави до Европската комисија до 31 јануари 2018 година, по усвојување на нејзиниот текст.