Извештаи

Министерството за финансии податоците за остварувањето на Буџетот на Република Македонија на својата интернет страница ги објавува согласно методологијата на ММФ за владина статистика (Government finance statistic 1986).

Согласно методологијата, Буџетот на Република Македонија е составен од Централниот Буџет (вклучувајќи ги и сметките за сопствени приходи на буџетските корисници) и Буџетите на фондовите (Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фонд за здравствено осигурување, Агенција за државни патишта и Агенцијата за вработување). Од јануари 2013 година (Службен весник 168/2012), Агенцијата за државни патишта се преструктуира во Јавно претпријатие за државни патишта и истото не е вклучено во рамки на Буџет на РМ.

Табелите за извршувањето на Буџетот на РМ се објавуваат најдоцна 30 дена во тековниот месец за претходниот месец.

Извршување на Буџет на РМ 2017


Извршување на Буџет на РМ за 2017 година (јули)

Серија на податоци


Серија на податоци за извршување на Буџет на РМ  

Серија на податоци за извршување на Буџет на Општа Влада

Извршување на Буџет на Општа Влада (консолидиран Буџет на РМ и Буџети на општини, годишни податоци)


Извршување на Буџет на Општа Влада за 2016 година