Говори

Обраќање на МФ Кирил Миноски на Прв регионален форум “Со микрофинансирање до финансиска инклузија“
22.09.2016

Сакам да го поздравам одржувањето на првиот регионален форум за микрофинансирање, кој претставува одлична можност широката јавност поблиску да го запознае концептот кој во многу општества бил значаен двигател на економскиот и социјалниот развој и воедно да се запознае со регионалните искуства.

Прес-конференција на министерот за финансии Кирил Миноски по повод владиното усвојување на Буџетот за 2017
19.09.2016

Би сакал да Ве информирам дека на денешната седница, Владата на Република Македонија го донесе Предлог Буџетот за 2017 година и истиот во текот на наредниот ден ќе го достави до Собранието. Предлог Буџетот за 2017 година е развоен со рекордно ниво на капитални инвестиции, повисоки за дури 20% во споредба со оваа година.

Обраќање на министерот за финансии Кирил Миноски по повод oтварање на канадска инвестиција One contact
18.09.2016

Денешниот настан е потврда дека доколку економските политики се добри и се постават на здрави основи, тие даваат резултати. Денес со работа започнува уште една странска инвестиција која ќе креира нови работни места и ќе донесе нови знаења и искуства во земјава.

Обраќање на министерот за финансии Кирил Миноски по повод MACEDONIA MANUFACTORING EXPO 2016
15.09.2016

Првата меѓународна конференција за деловно поврзување на компании од лесната преработувачка индустрија од Македонија и реномирани брендови од странство е одлична можност да се креира синергија помеѓу домашните и странските фирми.

Прес-конференција „Исплата на субвенциите од Програмата за поддршка на земјоделството 2011 година“
19.07.2012

Владата на Република Македонија во екот на најголемата должничка криза во Европа, на 171.000 земјоделци им исплати најголем износ на субвенции досега. Само последните 30 дена беа исплатени 63 милиони евра, од кои 20 милиони евра за тутунот дури и предвремено.

Обраќање на ЗПВРМ Зоран Ставрески по повод Светскиот ден на штедењето,31.10.2010
01.11.2010

Штедењето е клучен столб во стабилноста на финансискиот систем. Во моментов, скоро 140 милијарди денари лежат на штедните сметки на граѓаните во банките и околу 60 милијарди денари на сметките на компаниите. Значи, зборуваме за капитал од 3,25 милијарди евра, кој циркулира во стопанството и се оплодува.

Поставување камен-темелник за реализација на проектот за подобрување и модернизација на ГП „Блаце“, 11.07.2010
11.07.2010

Ми претставува особена чест и задоволство од името на Владата на Република Македонија и Министерството за финансии да ја истакнам важноста на денешниот настан кој претставува голем чекор во осовременувањето на патничкиот дел на граничниот премин Блаце.

11 -та годишна конференција на Македонска берза,Охрид 30.04.2010
03.05.2010

Несомено денеска Охрид е средиште на бизнис случувањата во земјава. Од името на Владата на Република Македонија сакам да ја поздравам годинешната конференција на Македонска берза, која по 11 години веќе прерасна во традиција.

Обраќање на Вицепремиерот Ставрески на „Ден на Царинска Управа„, 14.04.2010
14.04.2010

На почеток, би сакал да им го честитам празникот на вработените во Царинската Управа на Република Македонија и да им посакам уште многу години успешна работа. После толку време, Македонија конечно може да се пофали со ефикасна, ефективна и модерна царинска служба која може да се соочи со предизвиците кои ги наметнуваат современите глобални текови и евроинтеграциите.

Обраќање за Конференцијата „Филантропија за подобра иднина“, 23 февруари 2010 година
23.02.2010

Со големо задоволство ја прифатив поканата од здружението Конект да учествувам на првата национална Конференција за Филантропија во Македонија - настан кој несомнено е со добра мисла и добра волја.

Pages