Најави за настани

МФ Тевдовски на доделување грантови преку ИПА за рурален развој
22.06.2017

Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски денеска ќе присуствува на потпишувањето на договори за грант во рамки на ИПА програмата за рурален развој со општините Сопиште и Чешиново-Облешево.

Настанот ќе се одржи во 11.30 часот во ЕУ-инфо центарот.

Иницијален состанок за ПЕР
09.06.2017

Во организација на Министерството за финансии, утре, 9.6.2017 година, ќе се одржи иницијален состанок за „Програмата за економски реформи“ на кој со поздравен говор ќе се обратат министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, Вилем Ное, претставник на Директоратот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија и Маржена Кисиелевска, раководител на одделот за Југоисточна Европа во ОЕЦД.
Настанот започнува во 10:45 часот во хотел Холидеј ин.

Отворена средба со новинари
08.06.2017

Денеска, 8.6.2017 година, министерот за финансии д-р Драган Тевдовски ќе одржи отворена средба со новинари на која Ве покануваме да учествувате.
Настанот започнува во 12:30 часот, во прес салата на Министерството за финансии.

Свечено доделување на сертификати на јавни внатрешни ревизори
25.10.2016
Денеска во 14 часот во Министерството за финансии свечено ќе се доделат сертификати за јавни внатрешни ревизори.
Комисиска расправа за Предлог-буџет 2017
29.09.2016

Утре (30 септември) продолжува комисиската расправа во Собранието на РМ за Предлог буџетот за 2017. Комисијата за финансирање и буџет е закажана за 11 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“.

Утре Караванот Купи куќа за млади во Радовиш Утре Караванот Купи куќа за млади во Радовиш
05.04.2016

5 април, 2016 - Утре (6 април) во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи презентација во Радовиш, во Општината во 17 часот.

Сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат за проектите од преставници од Министерството за финансии, претставници од банките, од Катастар, како и да ја проследат презентацијата на понудата на државни плацеви во општината.

 

Караванот „Купи куќа за млади“ утре во Куманово, Крива Паланка и Кратово
22.03.2016

 

Караванот „Купи куќа за млади“ утре во Куманово, Крива Паланка и Кратово

 

Караванот „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре, 23.3.2016 година, ќе ги посети Куманово, Крива Паланка и Кратово.

Потпишување договор за заем за патот Крива Паланка - Ранковце
06.10.2015

Министерството за финансии и Светска банка денеска ќе потпишат договор за финансирање изградбата на експресен пат од Крива Паланка до Ранковце.

Настанот е со почеток во 11:30 часот во просториите на Министерство за финансии.

Промоција на Стратегија за ЈВФК
29.04.2015

Заменик претседателот на Владата на РМ и министер за финансии Зоран Ставрески, денес 29 април, ќе присуствува на Конференцијата за промовирање на Стратегијата за јавна внатрешна финансиска контрола 2015-2017.

Настанот е со почеток во 11:30 часот, хотел Арка

Ставрески во работна посета на Охрид
03.04.2015

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, денес во Охрид ќе присуствува на официјалното отпочнување од реализацијата на инфраструктурни проекти во вредност од околу два милиони евра.

Настанот ќе се одржи кај бензиската пумпа Макпетрол (на почетокот на улицата)

Почеток на настанот 12:30

Pages