Вести

МФ: Да не се злоупотребуваат аукциите на државни хартии за дневно-политички цели
21.03.2017

21 март Скопје - Во однос на денешното соопштение на СДСМ со кое партијата се обидува да влијае на реализација на аукција на државни хартии од вредност која се уште не е започната, Министерството за финансии би сакало да информира дека:

Министерот Миноски на средби со Светска банка и ЕК на економски теми
09.03.2017

9 март 2017 Скопје - Министерот за финансии Кирил Миноски оствари средби со претставници на Светската банка и Европската комисија по повод реализацијата на тековни проекти и Програмата за економски развој.

МФ: Податоците за буџетските расходи веќе се објавуваат на нашата веб страна
01.03.2017

1 март 2017, Скопје - И СДСМ и целата македонска јавност на веб-страната на Министерството за финансии можат да ја најдат фискалната табела за јануари 2017 – месечна сметка за извршување на буџетот, во рамки на која се наведени расходите и приходите за изминатиот месец. Сите граѓани можат веднаш да проверат на што се трошат државните пари и самите да се уверат дека сите расходи се во рамки на буџетот.

Зајакнување на капацитетите за борба против перење пари со поддршка од ЕК и СЕ
27.02.2017

Скопје, 27 февруари 2017 (МИА) - Република Македонија ќе ги зајакнува капацитетите на вклучените институции во борбата против економскиот криминал, перењето пари и финансирањето тероризам. Проектот во вредност од 1.350 милиони евра, кој почнува денеска, е финансиски поддржан од Европската комисија и Советот на Европа, а главен носител е Управата за финансиско разузнавање.

МФ Миноски во работна посета на ЦРМ
24.02.2017

Скопје, 24 февруари 2017 (МИА) - Дваесет илјади правни субјекти своите годишни пресметки ги доставиле по електронски пат до Централниот регистар на Република Македонија. Како што информираат од Централниот регистар, бројката е во значителен пораст од лани кога во истиот период изнесувала 12.000.

Херитиџ:Напредокот на Македонија за 10 години невиден досега
22.02.2017

Скопје, 22 февруари 2017 (МИА) - Рангирањето на Македонија на 31 место на индексот на економски слободи на фондацијата Херитиџ, и напредокот за 10 поени во само десет години е феноменален и нешто што не сум го видел на друго место. Треба да се гордеете со тоа, порача амбасадорот Тери Милер, директор за трговија и економија на оваа фондација на денешната презентација на извештајот во Скопје.

22.02.2017

22.02.2017, Скопје - Би сакал да им посакам добредојде во Македонија на претставниците на фондацијата Херитиџ – Амбасадорот Тери Милер, директор на Центарот за трговија и економија во Херитиџ и Антони Ким менаџер за истражување во фондацијата. Чест ни е што сте наши гости и би сакал да ви се заблагодарам за интересот кој го покажавте за нашата земја и за економските политики кои ги спроведуваме тука.

Миноски: Државата редовно ги сервисира обврските
20.02.2017

Скопје, 20 февруари 2017 (МИА) - Државата редовно ги сервисира обврските кон стопанството, изјави  министерот за финансии Кирил Миноски.

За нов водоснабдителен систем во Гевгелија 1,7 милиони евра
16.02.2017

Гевгелија, 15 февруари 2017 (МИА) - Со финансиска поддршка од фондовите на ИПА и Светска банка, денес во Гевгелија почна реализацијата на проектот за унапредување на водоводниот систем со кој треба да се подобри водоснабдувањето на 17000 жители во Гевгелија, Мрзенци, Моин, Богородица, како и Селеми и Стојаково во општина Богданци.

Почетокот на изградбата на новиот водоснабдителен систем го означија евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за финансии Кирил Миноски и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.

15.02.2017

Денеска започнува еден важен проект за Гевгелија кој треба да го подобри квалитетот на животна над 15.000 граѓани во општината, или три четвртини од населението. Проектот за унапредување на водоводниот систем во Гевгелија ќе го подобри водоснабдувањето во градот и местата Мрзенци, Моин и Богородица, како и местата Селеми и Стојаково од општина Богданци.

Pages