Вести

Експозе на МФ Тевдовски за Буџет 2018 - Пленарна седница
22.12.2017

22 декември 2017, Скопје - Предлог-буџет за 2018 година денеска е на дневен ред пред пратениците на пленарна седница. Во дополнетиот предлог се вградените шест амандмани прифатени во расправата во прво читање во собраниските комисии и амандмани од страна на Владата со кои се направени зголемувања на финансиските средства за гасификација од 120 милиони денари, на блок дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари. Во продолжение е експозето на министерот за финансии Драган Тевдовски.

Изјава МФ Тевдовски по повод Прва седница на Советот за развој на пазар на капитал
21.12.2017

21 декември 2017, Скопје - Во продолжение погледнете ја изјавата на министерот за финансии Драган Тевдовски по повод Првата седница на Советот за развој на пазар на капитал.

Тевдовски: Нови закони за хартии од вредност за повеќе инструменти и поголема стабилност на пазарот на капитал
21.12.2017

21 декември 2017, Скопје - Министерот за финансии Драган Тевдовски најави нова законска регулатива идната година за пазарот на хартии од вредност, која ќе создаде услови за развој на нови производи и услуги на финансискиот пазар во Република Македонија, ќе се обезбеди повисоко ниво на стабилност на пазарот, ќе се зајакнат овластувањата на надзорните органи и ќе се подобри заштитата на инвеститорите и на сите учесници на пазарот.

Потпишана спогодбата со СР германија за финансиска соработка 2017 година
20.12.2017

20 декември 2017, Скопје - Денеска, во свечената сала на Владата на Република Македонија, Неговата Екселенција, амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих и министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Р. Македонија и Владата на СР Германија за финансиска соработка 2017 година.

20.12.2017

20 декември 2017, Скопје - Денеска, во Свечената сала на Владата на Република Македонија, неговата екселенција, амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих и министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Р. Македонија и Владата на СР Германија за финансиска соработка 2017 година.

18.12.2017

18 декември 2017, Струмица - Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, присуствуваше на настан по повод завршување на изградбата на Пречистителната станица во Струмица. Во продолжение е неговото обраќање:

 

 

Нема промени во оданочувањето на дознаките
18.12.2017

18 декември 2017, Скопје - Со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција.

МФ Тевдовски на настан по повод завршување на изградбата на Пречистителната станица во Струмица
18.12.2017

18 декември 2017, Струмица - Завршена е изградбата на пречистителната станица во Струмица, проект во вредност од 6,9 милиони евра, кој ќе обезбеди пречистување на отпадните води на реката Струмица. Министерството за финансии заедно со Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатите неколку години интензивно работеа да се подготви проектната документација.

МФ ги објави Дополнетиот Предлог Буџет 2018 и Фискалната стратегија 2018-2020
15.12.2017

14 Декември 2017, Скопје - Министерството за финансии, на својата веб-страна ги објави Дополнетиот Предлог Буџет за 2018 година и Фискалната стратегија 2018-2020 година.

МФ Тевдовски со свое обраќање на министерската конференција во Париз
14.12.2017

14 декември 2017, Париз - Министерот за финансии Драган Тевдовски присуствуваше на министерска конференција во Париз на тема: „Доброто јавно управување -сервис за граѓаните и бизнисите“. Тој се обрати на панел-дискусијата „Како јавното управување може да направи разлика која придонесува за долготраен економски развој?“.

Pages