Вести

Македонското и холандското Министерство за финансии поблиску ќе соработуваат
15.09.2017

15 септември 2017, Скопје - Министерството за финансии на Македонија и Министерството за финансии на Холандија потпишаа Договор за меѓусебна соработка. Договорот е потпишан од министерот за финансии на Македонија, Драган Тевдовски и министерот за финансии на Холандија, Хероен Дајслблум.

 Реакција на Известувањето на ИСОС за рокот за добивање лиценца за вршење сметководствени работи
15.09.2017

15 септември, Скопје - Министерството за финансии реагира на Известувањето на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) со кое се утврдува рок до 30.9.2017 година трговците-поединци и трговските друштва да поднесат барање со придружна документација за добивање лиценца за работа и барање за упис во регистрите на Институтот.

Меѓународна конференција „Владеење на правото - Каде се движиме?”
14.09.2017

14 септември 2017, Скопје - Владеењето на правото е клучен предуслов доколку сакаме да имаме добра економија, економски раст и развој, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на отворањето на меѓународната конференција „Владеење на правото - Каде се движиме?“, во организација на Центарот за економски анализи од Скопје и Центарот за европски студии за политики од Брисел.

Тевдовски: Транспарентноста е клучна во управувањето со јавните финансии
14.09.2017

14 септември 2017, Скопје - Транспарентноста е клучна доколку сакате успешно да управувате со јавните финансии - истакна министерот за финансии д-р Драган Тевдовски на Семинарот за претставување на ревидираните внатрешни ревизорски стандарди.

Информација за Правилникот за минимални трошоци за книговодствени работи
13.09.2017

13 септември 2017, Скопје  - Поради реакција на голем број сметководители и правни субјекти, Министерството за финансии уште еднаш укажува дека Предлог-правилникот за утврдување основни критериуми при утврдување минимални трошоци за вршење книговодствени работи, кој е објавен на веб-страницата на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, е незаконски и затоа не треба да се применува.

Средба помеѓу заменик-министерката Елези и директорката на УЈП Лукаревска
11.09.2017

11 септември 2017, Скопје - Заменик-министерот за финансии д-р Ширет Елези во рамките на своите институционални надлежности денес оствари средба со директорот на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и заменик директорот на Управата за јавни приходи Насер Демири.

Конкурс за деца и млади по повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври 2017
06.09.2017

6 септември 2017, Скопје - Министерството за финансии, Народна банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето објавуваат Конкурс за деца и млади од основното и од средното образование по повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври.

 Состанок за приоритетите со Светска банка во Владата на РМ
05.09.2017

5 септември 2017, Скопје - Владата на РМ и Светска банка имаат огромно преклопување во погледите како треба да се развива македонската економија во иднина, што е добро – оцени министерот за финансии Драган Тевдовски, по средбата што се одржa во Владата помеѓу регионалната директорка на Светска банка, Линда Ван Гелдер, Премиерот Зоран Заев и министрите од економските ресори.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
05.09.2017

5 септември 2017, Скопје - Министерството за финансии на аукцијата одржана на 5.9.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 1.669,66 милиони денари (27,14 милиони евра).

Покана за коментари и предлози за Програмата за реформи за управување со јавните финансии 2018-2021
01.09.2017

1 септември 2017, Скопје - За првпат во Република Македонија се изработува сеопфатна и конзистентна Програма за реформа на управувањето со јавните финансии. Изработката на Програмата 2018-2021 е еден чекор понатаму во подобрување на управувањето со јавните финансии, што е еден од најзначајните приоритети на Владата, а воедно и услов за пристапување на земјата кон Европската унија.

Pages