Вести

Средба со амбасадорот на Кралството Холандија
13.06.2017

Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, со својот економски тим, оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Ваутер Пломп.

средба со амбасадорот на САД
12.06.2017

Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, заедно со својот економски тим, оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли.

средба со ЕБРД
09.06.2017

9.06.2017, Скопје - Денеска, министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, со својот економски тим, оствари средба со претставници на Европската банка за обнова и развој предводени од Анка Јоана Јонеску, директор на ЕБРД надлежен за Македонија.

Иницијален состанок за ПЕР
09.06.2017

Реформи што ќе ја придвижат земјата напред треба да содржи новата Програма за економски реформи за периодот 2018-2020 година, што ќе ја спроведува Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ. Македонија е прва земја од регионот што го започнува овој четврти циклус реформи.

09.06.2017

Со задоволство Министерството за финансии го отвара процесот за изработка на Програмата на економски реформи, за периодот 2018 - 2020 година. Овој документ ќе претставува основа за клучните реформски процеси на Владата на Република Македонија, кои дополнително ќе го интензивираат нашиот дијалог со ЕУ.

Отворена средба со новинари
08.06.2017

Скопје, 8 јуни 2017 (МИА) - Од Буџетот до крајот на годината ќе можат да се сервисираат сите обврски. Ќе има пари за плати, пензии, субвенции и средства за поддршка на економијата. Ребалансот веќе се подготвува во Министерството за финансии, а во него треба да се вградат и дел од проектите на новата Влада, меѓу кои за минималната плата.

Средба помеѓу МФ и НБРМ
07.06.2017

7 јуни 2017, Скопје - Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретна со гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Поддршка од ЕУ за реформите
07.06.2017

7 јуни 2017, Скопје - Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретна со делегација на Европската комисија предводена од амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Семјуел Жбогар.

Pages