Вести

Јубилеј „25 години Народна банка на РМ“
06.04.2017

Скопје, 5 април 2017 (МИА) -  „Во последните 20 години успеавме да одржиме ценовна стабилност, со инфлација од 2 проценти во просек, стабилен девизен курс и здрав банкарски систем кој преживеа многу стрес-тестови во реално време.“

Ова го истакна гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Димитар Богов, обраќајќи се на конференцијата што НБРМ ја организира по повод 25-години монетарна самостојност. 

05.04.2017

Јубилејот 25 години независност на Народна банка на Република Македонија не заткенува во едни специфични услови за македонската економија. Поради тоа ја поздравувам иницијативата на Народна банка јубилејот да го одбележи со дискусија за лекциите кои ги научивме изминатиот период, кој навистина беше полн со предизвици.

Обраќање Миноски на 15 години БКМ: Бизнис клима подобра и од развиените економии
30.03.2017

30 март 2017 Скопје - Изминатите години Бизнис конфедерацијата даде значителен придонес во унапредувањето на деловната клима и спроведувањето реформи кои помогнаа бизнисот да ја засили својата позиција во општеството. За овие 15 години конфедерацијата одигра значајна улога во подобрувањето на бизнис окружувањето, поттикнувањето на конкурентноста и деловната етика, развојот на дијалог во бизнис заедницата и градењето на партнерски односи.

МФ демант: Се манипулира со долгот, реални податоци на нашата веб-страна
30.03.2017

30 март 2017, Скопје - Министерството за финансии ја демантира информацијата што ја пренесуваат некои од медиумите од една интернет страница дека долгот на државата надминал 5 милијарди евра. Демантираме и дека податоците што ги наведуваат се земени од веб-страницата на Министерството за финансии, како што се повикува сајтот. Податоците за јавен долг се јавно достапни на веб-страницата на Министерството за финансии и секој може да ги провери.

МФ: Транспарентно ги објавуваме сите податоци согласно методологијата на ММФ
24.03.2017

24 март 2017 Скопје - Повторно ќе апелираме да не се злоупотребуваат редовните активности на Министерството за финансии во политички цели. Тие се согласно светски стандарди, усогласени со меѓународните финансиски институции. 

МФ: Да не се злоупотребуваат аукциите на државни хартии за дневно-политички цели
21.03.2017

21 март Скопје - Во однос на денешното соопштение на СДСМ со кое партијата се обидува да влијае на реализација на аукција на државни хартии од вредност која се уште не е започната, Министерството за финансии би сакало да информира дека:

Министерот Миноски на средби со Светска банка и ЕК на економски теми
09.03.2017

9 март 2017 Скопје - Министерот за финансии Кирил Миноски оствари средби со претставници на Светската банка и Европската комисија по повод реализацијата на тековни проекти и Програмата за економски развој.

МФ: Податоците за буџетските расходи веќе се објавуваат на нашата веб страна
01.03.2017

1 март 2017, Скопје - И СДСМ и целата македонска јавност на веб-страната на Министерството за финансии можат да ја најдат фискалната табела за јануари 2017 – месечна сметка за извршување на буџетот, во рамки на која се наведени расходите и приходите за изминатиот месец. Сите граѓани можат веднаш да проверат на што се трошат државните пари и самите да се уверат дека сите расходи се во рамки на буџетот.

Зајакнување на капацитетите за борба против перење пари со поддршка од ЕК и СЕ
27.02.2017

Скопје, 27 февруари 2017 (МИА) - Република Македонија ќе ги зајакнува капацитетите на вклучените институции во борбата против економскиот криминал, перењето пари и финансирањето тероризам. Проектот во вредност од 1.350 милиони евра, кој почнува денеска, е финансиски поддржан од Европската комисија и Советот на Европа, а главен носител е Управата за финансиско разузнавање.

МФ Миноски во работна посета на ЦРМ
24.02.2017

Скопје, 24 февруари 2017 (МИА) - Дваесет илјади правни субјекти своите годишни пресметки ги доставиле по електронски пат до Централниот регистар на Република Македонија. Како што информираат од Централниот регистар, бројката е во значителен пораст од лани кога во истиот период изнесувала 12.000.

Pages