Вести

Херитиџ:Напредокот на Македонија за 10 години невиден досега
22.02.2017

Скопје, 22 февруари 2017 (МИА) - Рангирањето на Македонија на 31 место на индексот на економски слободи на фондацијата Херитиџ, и напредокот за 10 поени во само десет години е феноменален и нешто што не сум го видел на друго место. Треба да се гордеете со тоа, порача амбасадорот Тери Милер, директор за трговија и економија на оваа фондација на денешната презентација на извештајот во Скопје.

22.02.2017

22.02.2017, Скопје - Би сакал да им посакам добредојде во Македонија на претставниците на фондацијата Херитиџ – Амбасадорот Тери Милер, директор на Центарот за трговија и економија во Херитиџ и Антони Ким менаџер за истражување во фондацијата. Чест ни е што сте наши гости и би сакал да ви се заблагодарам за интересот кој го покажавте за нашата земја и за економските политики кои ги спроведуваме тука.

Миноски: Државата редовно ги сервисира обврските
20.02.2017

Скопје, 20 февруари 2017 (МИА) - Државата редовно ги сервисира обврските кон стопанството, изјави  министерот за финансии Кирил Миноски.

За нов водоснабдителен систем во Гевгелија 1,7 милиони евра
16.02.2017

Гевгелија, 15 февруари 2017 (МИА) - Со финансиска поддршка од фондовите на ИПА и Светска банка, денес во Гевгелија почна реализацијата на проектот за унапредување на водоводниот систем со кој треба да се подобри водоснабдувањето на 17000 жители во Гевгелија, Мрзенци, Моин, Богородица, како и Селеми и Стојаково во општина Богданци.

15.02.2017

Денеска започнува еден важен проект за Гевгелија кој треба да го подобри квалитетот на животна над 15.000 граѓани во општината, или три четвртини од населението. Проектот за унапредување на водоводниот систем во Гевгелија ќе го подобри водоснабдувањето во градот и местата Мрзенци, Моин и Богородица, како и местата Селеми и Стојаково од општина Богданци.

Миноски: ЕК со идентична проекција со Владата за невработеноста
14.02.2017

Скопје, 14 февруари 2017 (МИА) - Последниот извештај објавен од  Европската комисија ги потврдува добрите фундаменти на економските политики што ги спроведува Владата на Република Македонија и проекции за намалување на невработеноста. 

Расте бројот на големи даночни обврзници, од годинава во групата нови 170 компании
25.01.2017

Скопје, 25 јануари 2017 (МИА) - Нови 170 компании станаа корисници на Дирекцијата за големи даночни обврзници на Управата за јавни приходи (УЈП), со што бројката се искачи на вкупно 435 корисници на услугите на оваа Дирекцијата, кои создаваат 44,42 проценти од приходите во Буџетот на РМ. Корисници се компании од нафтена индустрија, енергетскиот сектор, металургијата, банките, осигурителни и лизинг комлпании, јавни претиријатија, како и компании кои вршат општествено значајни дености и странски инвестиции кои работат во ТИРЗ.

Министерството за финансии повторно ја намали каматната стапка на државните хартии од вредност
17.01.2017

17 јануари 2017, Скопје - Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност дополнително ја намали каматната стапка за 0,3 процентни поени, или на 2,1% камата за 12-месечни државни хартии од вредност. За споредба, пред 10 години, кога почнаа да се издаваат овие државни хартии од вредност, каматата беше петкратно повисока, или над 11 отсто.

МФ:Поради големата побарувачка, намалена каматата на државните хартии од вредност на денешната аукција
10.01.2017

10 јануари 2017, Скопје И покрај политичката пропаганда на СДСМ која настојува да ги прикаже државните хартии од вредност како нешто ненормално во јавноста – иако самите ги воведоа, довербата на инвеститорите во економските политики е огромна, што продонесе за намалување на каматата на државните хартии од вредност.

Pages