Вести

Mодерен тениски спортски центар ќе се гради во Аеродром- договорот потпишан
27.12.2016

27 декември Скопје - ТВ Нова - Во присуство на министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска во Кабинетот на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, беше објавено дека е потпишан Договор за изградба на Тениски центар покрај кејот на реката Вардар, преку јавно приватно партнерство со фирмата што победи на тендерот, „Тенис парк“.

Миноски: Економскиот раст досега е над владината проекција
27.12.2016

27 декември 2016, Скопје, ТВ Нова - Доколку се анализираат параметрите од првите три квартали, ние континуирано имаме стапки на раст што се движат некаде над 2,5 отсто. Во просек за првите три квартали, просечната вредност на економскиот раст е 2,7%, изјави денеска министерот за финансии Кирил Миноски.

Фабриката за чипс од Кравари обезбеди пласман на пелагонискиот компир
07.12.2016

7 декември 2016, Битола - Странските инвестиции создаваат работа за домашните стопанственици. На пример, странската инвестиција, фабриката за производство на чипс во битолското село Кравари, која започна со работа на почетокот на годинава, обезбеди пласман на производството на пелагониските земјоделци кои одгледуваат компир, истакна денеска министерот за финансии Кирил Миноски при посета на фабриката.

Министерот Миновски на средби со бизнисмени од Пелагонија
07.12.2016

Битола, 7 декември 2016 (МИА) - Министерот за финансии Кирил Миноски денеска во Битола оствари средби со менаџери на успешни компании од Пелагонискиот регион, со што, според него, се остварува определбата на Владата да се стимулира развојот на приватниот сектор и да се поттикнува дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор.

Миноски: Извезуваме двојно повеќе од 2006, а производите се пософистицирани
06.12.2016

Кичево, 6 декември 2016 (МИА) - Последниве десет години извозот е двојно зголемен. Ако во 2006 година изнесуваше под две милијарди евра, во 2015 година изнесува над 4 милијарди евра, со тенденција оваа година да се надмине таа бројка, истакна министерот за финансии Кирил Миноски на средба со претставници од Стопанската комора во Кичево.

Миноски: Даноците денес три пати пониски од пред 10 години
06.12.2016

Кичево, 6 декември 2016 (МИА) - Стопанствениците денес плаќаат трипати пониски даноци во споредба од пред десет години. Ако ефективната даночна стапка во 2006 година изнесувала 43,5 отсто согласно пресметките на Светска банка, според извештајот Дуинг бизнис, сега таа изнесува 13 отсто или трипати помалку.

Миноски:намален ДДВ и субвенции за стимулирање еколошко затоплување со пелети
05.12.2016

Охрид, 5 декември 2016 (МИА) – Иднината на греењето во Македонија е во искористувањето енергенси што не ја загадуваат околината. Токму еколошкиот аспект, односно намалувањето на проблемот со загадувањето во повеќе градови беше причината за мерките  што ги спроведуваме и се во насока на стимулација на производи што придонесуваат за зголемување на еколошката свест и зголемено користење еколошко чисти енергенси како што се пелетите.

Доделени наградите за најуспешни творби на Конкурсот по повод Денот на штедењето
25.11.2016

Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска ги доделија наградите за најуспешните ликовни и литературни творби пријавени на конкурсот по повод Денот на штедењето - 31 Октомври. Наградите ги врачија министер за финансии, Кирил Миноски, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

Намален долгот
25.11.2016

Македонија денес отплати кредит од 130 милиони евра кон финансиските институции Сити банк и Дојче банк, со што јавниот и државниот долг се намалени за 1,4 процентни поени. Кредитот од овие банки беше земен пред пет години, а истиот беше гарантиран од Светска банка. Средствата за оваа исплата се обезбедени од еврообврзницата што беше издадена во јули годинава. Со тоа Владата ја покажува својата посветеност за одговорно управување со јавните финансии.   

Pages