Биографија

 

м-р КИРИЛ МИНОСКИ

Датум на раѓање: 20 октомври 1971 година,
Скопје, Република Македонија

 

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО:

ноември 2015 година - јуни 2016 година – директор на Управа за јавни приходи на Република Македонија;

мај 2014 година - ноември 2015 година – директор на Државен пазарен инспекторат – Министерство за економија;

ноември 2013 година - мај 2014 година – директор на проектна единица, Проект за реконструкција и обнова на јавни здравствени установи во Република Македонија/Развојна банка на Советот на Европа/Министерство за здравство на Република Македонија;

Консултантска компанија Буз Ален Хамилтон (Booz Allen Hamilton):

2010-2013 година – менаџер на компонента за извоз – Проект за унапредување на инвестирањето и извозот на УСАИД;

2006-2010 година – менаџер на компонента за реформа на пазарот на труд и пензиски реформи – Проект на УСАИД за унапредување на деловното окружување;

2002-2006 година – менаџер за финансии и човечки ресурси – Проект за конкурентност/УСАИД;

2000-2002 година – заменик-директор/директор – Македонски банкарски проект/УСАИД.

 

ОБРАЗОВАНИЕ:

2005 година – магистер по економски науки – Европски студии – Економски факултет Скопје, Универзитет во Антверпен (University of Antwerp) – Белгија, Универзитет Стафордшир (Staffordshire University) – Велика Британија, Универзитет во Бари (Università degli studi di Bari) – Италија;

Во моментот е докторанд на економски науки – Економски факултет Скопје.