Годишно собрание на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд

Заменик претседателот на македонската Влада, Зоран Ставрески на 7 октомври 2008 година отпатува во неколкудневна посета на Вашингтон, каде претседаваше со Генералното собрание на Светската Банка и Меѓународниот монетарен фонд за 2008 година. Во текот на посетата, Вицепремиерот Ставрески учествуваше во работата на Меѓународниот монетарен и финансиски комитет и на Комитетот за развој на Светската банка, како и на двете пленарни сесии на кои гувернерите на земјите членки разговараа за актуелните светските економски и финансиски настани и за случувањата на регионално и национално ниво.

Покрај учеството во работата на Собранието, што се одржа на 13 октомври, за време на престојот во Вашингтон Вицепремиерот Ставрески оствари одделни средби со претседателот на Светската Банка, Роберт Зелик и со директорот на ММФ, Доминик Штраус-Кан. На овие средби стана збор за актуелните настани во светски рамки поврзани со глобалната финансиска криза и можностите за вклучување на фондот и банката во напорите за нејзино надминување, заедно со механизмите на националните влади. Исто така, се разговараше за зголемување на флексибилноста и прилагодување на финансиските и советодавни инструменти на Светската банка и ММФ за потребите на земјите членки.

Заменик претседателот на македонската Влада се сретна и со извршниот директор на ММФ, Ејџ Бекер, со раководителот на Одделот за Европа на Фондот, Марк Грифитс, со актуелниот и со новоименуваниот извршен директор на Светската банка, Херман Вијфелс и Руд Треферс, со регионалниот координатор за Југоисточна Европа на Банката, Џејн Армитиџ и со потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Шигео Кацу.

На овие разговори беа разгледани можностите за кредитирање на енергетски и инфраструктурни проекти од страна на Светската банка, како што е изградбата на далноводот меѓу Македонија и Србија, ревитализација на хидроцентралите, модернизација и изградба на брани и набавка на товарни вагони за потребите на македонските железници.

За време на престојот во Вашингтон македонската делегација предводена од ЗПВРМ Зоран Ставрески оствари средби и со претставници на Белата куќа и на Стејт департментот.

слики од настанот

Известувања од настанот:

Воведно обраќање на ЗПВРМ на годишните собранија на ММФ и Светска банка,
13 октомври 2008

Започна Генералното собрание на ММФ и Светската банка 2008, под претседателство на Вицепремиерот Ставрески, 13 октомври 2008

Интервју за Гласот на Америка на Македонски јазик,
11-ти октомври 2008

Средби на вице-премиерот Ставрески со високи претставници на Светска банка и ММФ,
11 октомври 2008

Поддршката на Вашингтон за Македонија продолжува, порачаа Белата куќа и Стејт департментот,
10 октомври 2008

Остварена средба на Вицепремиерот Ставрески со првите луѓе на ММФ и на Светската Банка,
10 октомври 2008

Активности на Вицепремиерот Ставрески и министерот за финансии Славески во Вашингтон,
10 октомври 2008

Средби на вицепремиерот Ставрески со првите луѓе на ММФ и на Светска банка,
9 октомври 2008

Поважни линкови:

Преглед на годишните собранија на ММФ и Светска банкa
Годишни собранија на ММФ и Светска банка 2008
Агенда на годишните собранија на ММФ и Светска банка 2008