Годишни собранија на ММФ и Светска банка, 20-22 октомври 2007 Вашингтон, САД

Во периодот од 16 до 19 октомври 2007 година пред официјалниот почеток на Годишните собранија на ММФ и Светска банка 2007, беа одржани неколку значајни состаноци од кои треба да се истакне средбата на Групата 24 (Г-24). Оваа група е одговорна за застапување на интересите на земјите во развој, во областа на меѓународни монетарни и финансиски работи и во преговорите со меѓународните монетарни институции. Повеќе информации за земјите членки на Г-24 и за активности на оваа група може да се најдат на www.g24.org. Исто така, беа презентирани неколку важни економски извештаи поврзани со економските и финансиски случувања во светот. Позначајни се Извештајот за глобалната финансиска стабилност, Извештајот за движењата на глобалната економија и Извештајот за светскиот развој).

Во рамки на годишните собранија беа одржани 2 пленарни седници на кои највисоките претставници од земјите членки на ММФ и Светска, меѓу кои вицепремиери, министри за финансии и гувернери на централни банки ги презентираа економските и монетарните состојби во своите земји. Средба одржа и Меѓународниот монетарен и финансиски комитет кој на Бордот на директори на ММФ му предложи решенија за актуелните светски монетарни проблеми, при што беа донесени неколку одлуки како да се пристапи кон нивно решавање. Исто така, се одржа средба на Комитетот за развој кој даде предлози на Светска банка и ММФ за поддршка и економски раст на земјите во развој. Целосен пристап до коминикеата и работните документи може да се најде на вебсајтовите на Меѓународниот монетарен и финансиски комитет и Комитетот за развој.

Македонската делегација предводена од Вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески, оствари неколку средби со високи претставници на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд меѓу кои позначајни се средбите со генералниот директорот на Светска банка Роберт Зелик, Херман Вифилс извршен директор на Светска банка и претставник на холандската конституенца во која припаѓа Република Македонија, Ејџ Бејкер извршен директор на ММФ, Шигеу Катсу заменик претседател за регинот на Европа и Централна Азија (Светска банка) и Шабаз Мавдат директор во бордот на ИФЦ. На билатерално ниво Македонската делегација имаше средба со Вицепремиерот и министер за финансии на Холандија Воутер Бос и Берт Коендерс министер за меѓународна соработка, како и со претставници на делегацијата на Босна и Херцеговина. Исто така, во текот на посетата беа остварени средби со претставници на неколку светски реномирани финансиски институции, банки и кредитни агенции меѓу кои Japan Credit Rating Agency и Standard and Poors.

слики од настанот

Поважни линкови:

Преглед на годишните собранија на ММФ и Светска банка

Годишни собранија на ММФ и Светска банка 2007

Агенда на годишните собранија на ММФ и Светска банка 2007