Меѓународни финансиски односи

Меѓународните финансиски односи се одвиваат преку соработка со билатерални кредитори и мултилатерални финансиски институции. Соработката со билатералните кредитори е поинтензивна со  развојни финансиски институции од повеќе држави. Соработката со мултилатералните финансиски институции се одвива со: Групацијата на  Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ).