Меѓународни стандарди за професионално извршување на ревизија

Внатрешната ревизија кај субјектите од јавниот сектор ја вршат внатрешни ревизори, согласно со прифатените професионални стандарди кои се засновани на меѓународните стандарди за професионално извршување за внатрешна ревизија.

Меѓународни стандарди за професионално извршување на  внатрешната ревизија

Активностите на внатрешната ревизија се изведуваат во различни правни и културни средини; во рамките на организации со различна цел, големина и структури; и од страна на лица внатре во или надвор од организацијата. Овие разлики може да влијаат врз примената на внатрешната ревизија во секоја средина. Сепак, усогласеноста со Меѓународните стандарди за професионално извршување на внатрешната ревизија (стандарди) е суштинска, доколку сакаме да се задоволат одговорностите на внатрешните ревизори.

Целта на стандардите е да се :

  1. Зацртаат основните принципи кои го претставуваат извршувањето на внатрешната ревизија онака како што треба.
  2. Обезбеди рамка за изведување и унапредување на широк обем на активности за унапредување на внатрешна ревизија.
  3. Постави основа за мерење на изведбата на внатрешната ревизија.
  4. Поттикнат подобрени организациски процеси и активности.

Стандардите се состојат од Атрибутивни стандарди (1000 серија), Стандарди за изведба (2000 серија) и Стандарди за спроведување (нннн.Хн). Атрибутивните стандарди се однесуваат на карактеристиките на организациите и поединците кои вршат активности на внатрешна ревизија. Стандардите за изведба ја опишуваат природата на активностите на внатрешната ревизија и обезбедуваат критериуми за квалитетот според кои изведбата на овие услуги може да се мери. Атрибутивните стандарди и стандардите за изведба се однесуваат општо на услугите за внатрешна ревизија. Стандардите за спроведување ги применуваат Атрибутивните стандарди и Стандардите за спроведување на специфични видови на ангажирања ( на пр. Ревизија за проверка на усогласеноста, испитување за измама или приоект за проверка на само-проценката).

Постои еден збир на Атрибутивни стандарди и Стандарди за изведба, но може да има повеќе збирови на Стандарди за спроведување:Збир на стандарди за секој од главните видови на внатрешна ревизија. Првично, Стандардите за спроведување се утврдени за активностите за осигурување (означени со „А“ по бројот на Стандардот, на пр. 1130. А1) и за консултантски активности (означени со К по бројот на Стандардот, на пр. нннн.К1).

Стандардите се дел од рамката за професионално извршување. Оваа рамка е предложена од страна на Работната група за напатствија и одобрена од Одборот на директори на Институтот за внатрешна ревизија ИВР (IIA – Institute of internal auditors) во јуни 1999 година. Рамката ги вклучува Дефиницијата за внатрешна ревизија, Етичкиот кодекс, Стандардите и другите напатствија. Стандардите ги вклучуваат напатствијата претходно содржани во „ Црвената книга“, преработени во нов формат предложен од Работната група за напатствија и нивно ажурирање како што е препорачано во извештајот на Работната група, Визија за иднината.

Стандардите користат термини кои имаат специфично значење, и се вклучени во Речникот.
Одборот за стандарди за внатрешна ревизија се обврзува на детална консултација при подготовката на Стандардите. Пред да се издаде каков било документ, одборот за стандарди издава предлози на меѓународна основа за коментари од страна на јавноста. Одборот за стандарди исто така бара лица експерти или заинтересирани за консултации кога е потребно. Развивањето на стандардите е процес кој е постојано во тек . Одборот за стандарди со задоволство прима придонеси од членовите на Институтот и други заинтересирани страни со цел да ги идентификува прашањата кои се појавуваат и за кои се потребни нови стандарди или за кои е потребно повторно разгледување на постоечките стандарди.

Предлозите испратете ги на:

The Institute of Internal Auditors
Global Practices Center, Professional Practices
247 Maitland Ave.
Altamonte Springs, Florida 32701 - 4201
USA
E-mail: Standards@theiia.org
www.theiia.org