Активности за воспоставување и состојба на финансиското управување и контрола

Состојба на финансиското управување и контрола на централно ниво

  2009 2010

2011

2012

2013

2014

2015

 2016 јан. 2017 март 2017 април 2017 мај 2017

мај 2017 % вкупно 93

1. Број на субјекти кои основале единица за финансиски прашања 14 32 39 46 66 66 71 78 78 79 79 79 85,87
2. Број на назначени раководители на единици за финансиски прашања 0 20 30 36 42 45 53 56 56 58 58 58 63,04
3. Број на субјекти кои донеле Решение за внатрешна распределба на вкупно одобрениот буџет       49 65 73 53 70 63 71 71 71 77,17
4. Број на субјекти кои донеле Решенија за генерални овластувања       29 51 47 31 44 39 44 44 44 47,83
5. Број на субјекти кои назначиле лице за пријавување на неправилности 31 44 56 59 61 64 76 81 81 81 81 81 88,04
6. Број на субјекти кои донеле годишни планови за развој на финансиското управување и контрола
            44 42 1 11 15 20 21,74
7. Број на субјекти кои донеле Стратегија за управување со ризици             42 63 63 63 63 63 68,48
8. Број на субјекти кои донеле регистар на ризици             36 48 49 50 50 50 54,35
9. Број на субјекти кои донеле интерен акт /процедура/правилник за начинот на спроведување на ФУК             31 40 40 41 41 42 45,65

 Состојба на финансиското управување и контрола на локално ниво

  2009 2010

2011

2012

2013

2014

2015

 2016 јан. 2017 март 2017 април 2017 мај 2017

мај   2017

%  вкупно81

1. Број на субјекти кои основале единица за финансиски прашања

1

14 27 39 40 46 58 62 62 62 62 62 76,54
2. Број на назначени раководители на единици за финансиски прашања 0 10 22 33 35 38 44 45 45 45 45 45 55,56
3. Број на субјекти кои донеле Решение за внатрешна распределба на вкупно одобрениот буџет       55 63 65 53 56 43 55 57 57 70,37
4. Број на субјекти кои донеле Решенија за генерални овластувања       19 32 32 33 37 31 34 35 35 43,21
5. Број на институции кои назначиле лице за пријавување на неправилности 34 49 55 58 58 59 66 66 66 66 66 66 81,48
6. Број на субјекти кои донеле годишни планови за развој на финансиското управување и контрола             38 31 3 4 5 10 12,35

7. Број на субјекти кои донеле Стратегија за управување со ризици

            22 32 32 32 32 34 39,51
8. Број на субјекти кои донеле Регистар на ризици             16 26 26 26 26 28 34,57
9. Број на субјекти кои донеле интерен акт/процедура/правилник за начинот на спроведување на ФУК             20 25 25 25 25 25 30,86

Насоки за воспоставување на финансиско управување и контрола

Процесот на зајакнување на финансиската контрола во Република Македонија е отпочнат и се спроведува преку развој и примена на принципите на децентрализирана одговорност на раководството и воспоставување на функционално независна внатрешна ревизија, односно развој на сите три компоненти на јавната внатрешна финансиска контрола (финансиско управивање и контрола, внатрешната ревизија и нивното хармонизирање) . Целта на овој процес е изградба на систем кој ќе гарантира разумно користење на јавните средства.

Финансиското управување и контрола е систем на политики, процедури и активности воспоставени од раководителот на субјектот, со цел да се обезбеди разумно уверување дека целите на субјектот се остварени. Финансиското управување и контрола претставува и збир на одговорности на раководителот на субјектот да воспостави и имплементира процедури за постигнување целосна контрола во работењето врз основа на принципот на стабилно финансиско уптравување и контрола.

Стабилно финансико управување и контрола е транспарентно, регуларно, економично, ефикасно и ефективно користење на расположивите средства.

Финансиското управување и контрола ги опфаќа финансиските процеси на:

  • планирање
  • извршување
  • мониторинг и
  • известување за :
    • прибирањето на приходите утврдени во буџетот
    • управувањето и контролата за извршување на расходите одобрени во буџетот и
    • заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состјба

Финансиското управување и контрола треба да се спроведува во сите организациони единици и на сите нивоа на субјектот и ги опфаќа сите средства на субјектот, вклучувајчи ги средствата од Европската Унија и од други извори.

Целта на финансиското управување и контрола е постигнување на следните општи цели на субјектот :

  • вршење на работите на правилен, етичен, економичен, ефективен и ефикасен аначин;
  • усогласување на работењето со законите, другите прописи, утврдената политика, плановите и постапките;
  • заштита на имотот и другите ресурси од загуби предизвикани од лошо управување неоправдано трошење и користење, како и од неправилности и злоупотреби;
  • јакнење на одговорноста за успешно остварување на задачите;
  • правилно евидентирање на финансиските трансакции; и
  • навремено финансиско известување и следење на резултатите од работењето.

Раководителот на субјектот е одговорен и отчетен за:

  • подготвувањето на буџетот, извршување на буџетот и известување за буџетот на субјектот со кој раководи;
  • финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија во сите организациони структури, програми, операции и процеси, раководени од него;
  • контрола на водење на сметководството, преземање на финансиски обврски и извршување на плаќањата, прибирање на приходите и заштита на средствата и обврските;
  • постојана проценка на системот за финансиско управување и контрола;
  • одредување и остварување на целите на субјектот и изготвување и реализација на стратешките и други планови како и програми за остварување на општите и посебните цели на субјектот;
  • воспоставување организациска структура и процедури за работа со кои ќе се обезбеди функционирање, следење и развој на стабилно финансиско управување и контрола;
  • воспоставување на линија на известување во согласност со пренесените овластувања и одговорности;
  • компетентност на сите вработени за извршување на задачите во согласност со финансиското управување и контрола;
  • управување со ризиците и воведување соодветни и ефикасни внатрешни контроли.

Раководителот на субјектот е отчетен за постигнување на целите на субјектот од јавниот сектор преку управување со јавните средства на законски, економичен, ефикасен и ефективен начин.

Активности за воспоставување на финансиско управување и контрола

Сите буџетски корисници, независно од големината, износот на средствата со кои располагаат или бројот на вработени се должни да воспостават систем за финансиско управување и контрола (FMC). Тие се должни да ги пропишат правилата на работа и постапки, односно да преземат мерки со кои ќе добијат разумно уверување дека буџетските средства се користат законски и правилно, но и економично, ефикасно и ефективно. Воспоставување на системот на Финансиско управување и контрола е долготраен и сложен процес бидејќи не постојат унифицирани организациски решенија кои би биле применливи за сите буџетски корисници. Тие зависат од големината и специфичноста на буџетскиот корисник, процесите во организацијата, ризиците и други елементи.

За воспоставување на финансиско управување и контрола би требало да се преземат следниве активности:

  • Именување на раководител за Финансиско управување и контрола
  • Донесување на одлука за потреба од именување на координатор за Финансиско управување и контрола,
  • Основање на работна група која ќе се бави со прашањата за воспоставување на Финансиско управување и контрола,
  • Донесување на план за воспоставување на Финансиско управување и контрола
  • Изготвување на Изјава за мисијата, визијата и клучните цели на буџетскиот корисник,
  • Попишување на главните работни процеси (подпроцеси) и утврдување на активности,
  • Изготвување на Мапи на работни процеси - опишување на работните процеси, изготвување на дијаграм на текови, утврдување на ризиците на ниво на активности, нивна проценка и рангирање, одлучување за одговор на ризиците воспоставување на контрола,
  • Составување на книга (мапа) на процеси - попис и опис на сите работни процеси кои обезбедуваат целосна слика за начинот на работење на организацијата,
  • Проценка на компонентите за внатрешна контрола (Прашалник за самопроценка),
  • Составување на преглед на воспоставените контроли,
  • Анализирање на постојните и потребните контроли, како и одлучување за потребните ex - ante контроли и ex - post финансиски контролори,
  • Донесување на Акционен план отстранување на слабостите на внатрешнитe контроли,
  • Следење на остварување на планот и
  • Изготвување на Годишен извештај за воспоставеното финансиско управување и контрола

Основање на единица за финансиски прашања

Раководителот на субјектот основа посебна организациона единица за финансиски прашања како сектор или одделение, чиј раководител директно одговара на раководителот на субјектот и највисокиот раководен државен службеник. Единицата за финансиски прашања е надлежна за вршење на работите од областа на финансиското управување и контрола. Организација и опис на работните места во Секторот за финансиски прашања

Надлежности на раководителот на единицата за финансиски прашања

Раководителот на единицата за финансиски прашања спроведува надзор и го советува раководството на субјектот, особено за:

  • контрола на буџетот (контрола на подготовката и извршувањето на буџетот);
  • еx ante финансиска контрола;
  • контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на внатрешното управување и контрола) ;
  • сметководството и
  • буџетското и финансиското известување.

Раководителот на единицата за финансиски прашања:

  • го координира процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот;
  • го координира процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
  • го координира процесот на сметководствено евидентирање за извршување на буџетот и подготвувањето на годишна сметка и Годишниот финансиски извештај од член 47 од законот;
  • задолжително дава мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во субјектот и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финансиски импликации за буџетот на субјектот;
  • спроведува ex ante и ex post финансиска контрола и
  • спроведува заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба.