ЕУ и меѓународни финансии

- Соработка со меѓународни и билатерални финансиски институции, преку комуникација и координација со овие институции околу активностите потребни за подготовка и реализација на проектите финансирани со странски заеми и донации, потоа подготовка и организација на сите фази од постапката на склучување на договорите за заем и договорите за гаранција, како и следење на степенот на реализацијата на овие проекти и предлагање на активности и мерки за надминување на проблемите кои се јавуваат при подготовката и имплементацијата на истите.

 

- Подготовка, техничко спроведување и следење на степенот на реализацијата на проектите на Министерство за финансии, финансирани во рамки на ИПА, компонента 1.

 

- Следење на статусот на реализација на мерките и активностите од Националната програма за усогласување со правото на ЕУ (НПАА) за чија што реализација е надлежно Министерството за финансии и координација на активностите поврзани со подготовката на документите кои произлегуваат од процесот на пристапување кон ЕУ и други активности поврзани со интегрирање на земјата во ЕУ.

 

Меѓународни финансии

Усогласување со ЕУ

Билатерални договори