Вести

Министерство за финансии исплати 8,6 милиони евра за субвенции за житни и градинарски култури и рурален развој
23.05.2017

23 мај 2017, Скопје - Денеска Министерство за финансии исплати 532,7 милиони денари или 8,6 милиони евра за субвенции за земјоделците и за рурален развој - и тоа 517,9 милиони денари за субвенции и 14,8 милиони денари за рурален развој.

Субвенциите исплатени денеска се за мерките одгледување на житни култури и одгледување на градинарски култури.

Министерството за финансии и во наредните денови ќе продолжи со исплатата на субвенции.

 

МФ започна со исплатата на субвенциите     Денес Министерството за финансии започна со исплатата на субвенциите на земјоделците,
18.05.2017

18 мај 2017 Скопје - Денес Министерството за финансии започна со исплатата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник со што се отстранија законските пречки за исплата.

11.05.2017

Управувањето со парите, е еднакво одговорна обврска како и управувањето со сопственото здравје или која било друга крупна одлука во животот.

Наша обврска е да се грижиме за раната финансиска едукација којашто претставува долгорочна инвестиција за целото општество и државата

Преку проектот „Финансиско образование“ Министерството за финансии спроведе обука на 466 ученици од основните и средните училишта.

Со финансиската едукација граѓаните до здрави одлуки и поквалитетно живеење
11.05.2017

Скопје, 11 мај 2017 (МИА) - Финансиската едукација е долгорочна инвестиција за целото општество и за државата, како и за поединецот кој полесно и посигурно ќе може да донесува финансиски здрави одлуки и поквалитетно да живее.

Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
23.04.2017

Вашингтон, 23 април 2017 (МИА) - Нови 72 милионa евра за евтини кредити за малите и средните претпријатија преку Европска банка за обнова и развој, најави министерот за финансии Кирил Миноски, кој учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка во Вашингтон.

Станува збор за програма на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која се однесува на поддршка на земјите од Западен Балкан, во вкупен износ од 360 милиони евра, од кои Македонија има право на користење 20 отсто од Фондот.

ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криза
22.04.2017

Скопје, 22 април 2017 (МИА) - Македонската економија е стабилна и покрај сите предизвици на политичката криза, оценуваат Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка.

На Пролетните средби во Вашингтон, на кои учествува и македонската делегација предводена од министерот за финансии Кирил Миноски, е посочено дека македонската економија годинава ќе оствари раст од околу 3 проценти.

Јубилеј „25 години Народна банка на РМ“
06.04.2017

Скопје, 5 април 2017 (МИА) -  „Во последните 20 години успеавме да одржиме ценовна стабилност, со инфлација од 2 проценти во просек, стабилен девизен курс и здрав банкарски систем кој преживеа многу стрес-тестови во реално време.“

Ова го истакна гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Димитар Богов, обраќајќи се на конференцијата што НБРМ ја организира по повод 25-години монетарна самостојност. 

05.04.2017

Јубилејот 25 години независност на Народна банка на Република Македонија не заткенува во едни специфични услови за македонската економија. Поради тоа ја поздравувам иницијативата на Народна банка јубилејот да го одбележи со дискусија за лекциите кои ги научивме изминатиот период, кој навистина беше полн со предизвици.

Обраќање Миноски на 15 години БКМ: Бизнис клима подобра и од развиените економии
30.03.2017

30 март 2017 Скопје - Изминатите години Бизнис конфедерацијата даде значителен придонес во унапредувањето на деловната клима и спроведувањето реформи кои помогнаа бизнисот да ја засили својата позиција во општеството. За овие 15 години конфедерацијата одигра значајна улога во подобрувањето на бизнис окружувањето, поттикнувањето на конкурентноста и деловната етика, развојот на дијалог во бизнис заедницата и градењето на партнерски односи.

МФ демант: Се манипулира со долгот, реални податоци на нашата веб-страна
30.03.2017

30 март 2017, Скопје - Министерството за финансии ја демантира информацијата што ја пренесуваат некои од медиумите од една интернет страница дека долгот на државата надминал 5 милијарди евра. Демантираме и дека податоците што ги наведуваат се земени од веб-страницата на Министерството за финансии, како што се повикува сајтот. Податоците за јавен долг се јавно достапни на веб-страницата на Министерството за финансии и секој може да ги провери.

Pages