11 септември 2018 година, Скопје – Француската развојна агенција ќе го поддржува развојот на македонската економија. Нејзино присуство беше најавено на средбата која министерот за финансии Драган Тевдовски ја имаше со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, Жан Мари Деманж регионален советник за економски прашања и Флоренс Добел.
Добел ќе го заземе местото на Деманж како економски советник.
На средбата беа дискутирани можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете земји. Заклучено беше дека постои простор за зголемување на економската соработка.