Состојба на финансиското управување и контрола на централно ниво

indikatori-mesecno_ fmc _centralnoMART2021

 

Состојба на финансиското управување и контрола на локално ниво

indikatori-mesecno_ fmc _lokalnoMART2021

 

Насоки за воспоставување на финансиско управување и контрола

Процесот на зајакнување на финансиската контрола во Република Македонија е отпочнат и се спроведува преку развој и примена на принципите на децентрализирана одговорност на раководството и воспоставување на функционално независна внатрешна ревизија, односно развој на сите три компоненти на јавната внатрешна финансиска контрола (финансиско управивање и контрола, внатрешната ревизија и нивното хармонизирање) . Целта на овој процес е изградба на систем кој ќе гарантира разумно користење на јавните средства.

Финансиското управување и контрола е систем на политики, процедури и активности воспоставени од раководителот на субјектот, со цел да се обезбеди разумно уверување дека целите на субјектот се остварени. Финансиското управување и контрола претставува и збир на одговорности на раководителот на субјектот да воспостави и имплементира процедури за постигнување целосна контрола во работењето врз основа на принципот на стабилно финансиско уптравување и контрола.

Стабилно финансико управување и контрола е транспарентно, регуларно, економично, ефикасно и ефективно користење на расположивите средства.

Финансиското управување и контрола ги опфаќа финансиските процеси на:

  • планирање
  • извршување
  • мониторинг и
  • известување за :
    • прибирањето на приходите утврдени во буџетот
    • управувањето и контролата за извршување на расходите одобрени во буџетот и
    • заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состјба

Финансиското управување и контрола треба да се спроведува во сите организациони единици и на сите нивоа на субјектот и ги опфаќа сите средства на субјектот, вклучувајчи ги средствата од Европската Унија и од други извори.

Целта на финансиското управување и контрола е постигнување на следните општи цели на субјектот :

  • вршење на работите на правилен, етичен, економичен, ефективен и ефикасен аначин;
  • усогласување на работењето со законите, другите прописи, утврдената политика, плановите и постапките;
  • заштита на имотот и другите ресурси од загуби предизвикани од лошо управување неоправдано трошење и користење, како и од неправилности и злоупотреби;
  • јакнење на одговорноста за успешно остварување на задачите;
  • правилно евидентирање на финансиските трансакции; и
  • навремено финансиско известување и следење на резултатите од работењето.

Раководителот на субјектот е одговорен и отчетен за:

  • подготвувањето на буџетот, извршување на буџетот и известување за буџетот на субјектот со кој раководи;
  • финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија во сите организациони структури, програми, операции и процеси, раководени од него;
  • контрола на водење на сметководството, преземање на финансиски обврски и извршување на плаќањата, прибирање на приходите и заштита на средствата и обврските;
  • постојана проценка на системот за финансиско управување и контрола;
  • одредување и остварување на целите на субјектот и изготвување и реализација на стратешките и други планови како и програми за остварување на општите и посебните цели на субјектот;
  • воспоставување организациска структура и процедури за работа со кои ќе се обезбеди функционирање, следење и развој на стабилно финансиско управување и контрола;
  • воспоставување на линија на известување во согласност со пренесените овластувања и одговорности;
  • компетентност на сите вработени за извршување на задачите во согласност со финансиското управување и контрола;
  • управување со ризиците и воведување соодветни и ефикасни внатрешни контроли.

Раководителот на субјектот е отчетен за постигнување на целите на субјектот од јавниот сектор преку управување со јавните средства на законски, економичен, ефикасен и ефективен начин.

Активности за воспоставување на финансиско управување и контрола

Сите буџетски корисници, независно од големината, износот на средствата со кои располагаат или бројот на вработени се должни да воспостават систем за финансиско управување и контрола (FMC). Тие се должни да ги пропишат правилата на работа и постапки, односно да преземат мерки со кои ќе добијат разумно уверување дека буџетските средства се користат законски и правилно, но и економично, ефикасно и ефективно. Воспоставување на системот на Финансиско управување и контрола е долготраен и сложен процес бидејќи не постојат унифицирани организациски решенија кои би биле применливи за сите буџетски корисници. Тие зависат од големината и специфичноста на буџетскиот корисник, процесите во организацијата, ризиците и други елементи.

За воспоставување на финансиско управување и контрола би требало да се преземат следниве активности:

  • Именување на раководител за Финансиско управување и контрола
  • Донесување на одлука за потреба од именување на координатор за Финансиско управување и контрола,
  • Основање на работна група која ќе се бави со прашањата за воспоставување на Финансиско управување и контрола,
  • Донесување на план за воспоставување на Финансиско управување и контрола
  • Изготвување на Изјава за мисијата, визијата и клучните цели на буџетскиот корисник,
  • Попишување на главните работни процеси (подпроцеси) и утврдување на активности,
  • Изготвување на Мапи на работни процеси – опишување на работните процеси, изготвување на дијаграм на текови, утврдување на ризиците на ниво на активности, нивна проценка и рангирање, одлучување за одговор на ризиците воспоставување на контрола,
  • Составување на книга (мапа) на процеси – попис и опис на сите работни процеси кои обезбедуваат целосна слика за начинот на работење на организацијата,
  • Проценка на компонентите за внатрешна контрола (Прашалник за самопроценка),
  • Составување на преглед на воспоставените контроли,
  • Анализирање на постојните и потребните контроли, како и одлучување за потребните ex – ante контроли и ex – post финансиски контролори,
  • Донесување на Акционен план отстранување на слабостите на внатрешнитe контроли,
  • Следење на остварување на планот и
  • Изготвување на Годишен извештај за воспоставеното финансиско управување и контрола

Основање на единица за финансиски прашања

Раководителот на субјектот основа посебна организациона единица за финансиски прашања како сектор или одделение, чиј раководител директно одговара на раководителот на субјектот и највисокиот раководен државен службеник. Единицата за финансиски прашања е надлежна за вршење на работите од областа на финансиското управување и контрола. Организација и опис на работните места во Секторот за финансиски прашања

Надлежности на раководителот на единицата за финансиски прашања

Раководителот на единицата за финансиски прашања спроведува надзор и го советува раководството на субјектот, особено за:

  • контрола на буџетот (контрола на подготовката и извршувањето на буџетот);
  • еx ante финансиска контрола;
  • контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на внатрешното управување и контрола) ;
  • сметководството и
  • буџетското и финансиското известување.

Раководителот на единицата за финансиски прашања:

  • го координира процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот;
  • го координира процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
  • го координира процесот на сметководствено евидентирање за извршување на буџетот и подготвувањето на годишна сметка и Годишниот финансиски извештај од член 47 од законот;
  • задолжително дава мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во субјектот и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финансиски импликации за буџетот на субјектот;
  • спроведува ex ante и ex post финансиска контрола и
  • спроведува заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window