13 мај 2020, Скопје – Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска ќе учествува во академските онлајн дијалози наречени „Корона дијалози“, на тема „Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз економијата“.

Овие дискусии имаат за цел да ја вклучат академската заедница, професорите и студентите во размена на мислења, а со тоа и креирањето на јавните политики преку интеракција со институциите и реалниот сектор.  

Покрај министерката за финансии на дискусијата ќе учествуваат и проф. д-р Глигор Бишев, проф. д-р Гордана Трајкоска, проф. д-р Оливера Костоска, проф. д-р Мирослав Гвероски, м-р Анета Трајковска од Стопанската комора на РСМ и проф. д-р Марјан Ѓуровски кој е модератор  и иницијатор на онлајн активноста Корона дијалози.

Comments are closed.

Close Search Window