30 септември 2020, Скопје – Со добра стратегија за економска соработка во регионот, инвестиции во регионалната инфраструктура, и развој на соработката и трговијата, можеме да постигнеме синергија и да го забрзаме економскиот раст. Да постигнеме просперитет и да се донесат Европа и европските вредности во регионот, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за  Еуроњуз Албанија (Euronews Albania).

Тој во интервјуто зборуваше за четвртиот пакет-мерки којшто го донесе Владата и за очекуваните ефекти. Најави и грантови за компаниите што се во сопственост или водени од жени, коишто вработуваат млади лица или се извозно ориентирани. Со цел спроведување холистички пристап, со новата линија бескаматни кредити од 31 милион евра, ќе се доделува грант компонента од 30% од земениот кредит со средства од Европската Унија на таргетирани категории засегнати од кризата, како компании раководени или во сопственост на жени претприемачи, коишто вработуваат млади лица и се извозно ориентирани, вели во интервјуто министерот за финансии, Бесими.

– Ова ќе ја зголеми конкурентноста и новиот дух во бизнисот. Всушност, ова се дел од мерките, финансиски ќе бидат поддржани компаниите што останаа без работа, вработените што ги изгубија своите работни места, студентите, но и семејствата на кои им е потребна помош – рече Бесими.

Тој посочи дека четвртиот пакет антикризни мерки се заснова на три столба, првиот столб се однесува за граѓаните, нивниот здравствен и социјален аспект, вториот столб се однесува на претпријатијата и зачувување на работните места и третиот столб е поврзан со одржување на макрофинансиската стабилност. Пакетот е во износ од 470 милиони евра, од кои 170 милиони се директни фискални импликации.

Бесими најави дека до крајот на неделата ќе биде подготвен ребалансот на Буџетот со кој ќе се финансираат дел од мерките.

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Comments are closed.

Close Search Window