Запознавањето со очекувањата на стопанствениците за идната година, како гледаат на условите за работа и на останатите состојби во посткризниот период, како и за кредитната активност и со проблемите со кои се соочуваат бизнисмените беше основна цел на денешниот бизнис-форум во Струмица.

&nbsp

– Форумот е организиран во насока на запознавање на струмичките бизнисмени со економските политики на Владата и проценките за 2011 година со цел тие да можат да ги базираат своите деловни одлуки на предвидувањата на Владата, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

&nbsp

Тој посочи дека на бизнисмените ќе им бидат презентирани насоките каква ќе биде фискалната политика, инфлацијата, каматите, монетарната политика и кредитните активности за наредната година.

&nbsp

– Беше битно да поразговараме на овие теми за да можат стопанствениците да ги направат своите деловни одлуки во насока на очекувањата за идната година, додаде Ставрески и истакна дека на форумот станало збор и за начинот на кредитирање и висината на каматните стапки, царинските стапки, како и обезбедувањето на субвенции за откупните и расадните центри.(МИА)

Comments are closed.

Close Search Window