Ви благодариме за учество во консултациите за нацрт Програмата на економски реформи за 2016 година (ПЕР 2016) кои се спроведоа во период од 23 до 31 декември 2015 година.

Со оглед на важноста на овој документ и потребата тој да биде квалитетно изработен, им благодариме на претставниците од бизнис заедницата, универзитетите, локалните власти, социјалните партнери, граѓанскиот сектор и другите заинтересирани страни за активниот придонес во процесот на изработката на документот.

Со подготовка на ПЕР, Владата на Република Македонија од 2014 година се приклучи кон пристапот на Европската комисија за поддршка на долгорочен раст и конкурентност преку економското управување како клучен столб во процесот на проширување, со цел да се обезбеди подобро известување за националните планови за економски политики, вклучително и потребните структурни реформи.

Нацрт ПЕР 2016 е подготвена преку веќе воспоставениот национален процес на консултации централно координиран од страна на Министерството за финансии. Изработката на документот е согласно „Насоките за програми за економски реформи“ издадени од Европската комисија. Во изработката е користена експертска поддршка од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Comments are closed.