Скопје, 21 ноември 2012 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска по повод акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ засади дрвца на локалитетот Мршевци во населбата Илинден.

 

– Како и илјадници македонски граѓани и јас со мојата ќерка денеска сум тука да го направиме она што треба, а тоа е да засадиме дрвце и да помогнеме Македонија да изгледа поубаво, поздраво за сите идни генерации. Садењето дрва стана традиција по која што Македонија е препознатлива не само во регионот, туку и во Европа, изјави вицепремиерот Ставрески.

 

Тој изрази задоволство што акцијата успева со години и надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.