Токио, 11 октомври 2012 (МИА) – Македонска делегација во чиј состав се вицепремиерот и министер за финансиим Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов од денеска учествува на редовните годишни средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кои годинава се одржуваат во Токио.
Предвидено е, соопшти денеска Министерството за финансии, Ставрески да оствари средби со потпрестедателот на Светска банка Филип Леру, извршниот директор на ММФ Мено Снел, новиот гувернер на ЦЕБ Ролф Вензел и други високи претсавници на Светска банка и ММФ.
Есенските состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На нив учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите челнки на кои дидскутираат за актуелните случувања во светската економија.