Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии Зоран Ставрески е во дводневна работна посета на Република Турција. Вицепремиерот Ставрески учествува на годишниот Состанок на Министрите за финансии и економија во рамки на Пактот за соработка на земјите од Југоисточна Европа.

 

Овогодинешната тема на средбите е проценка на влијанието на глобалната криза во регионот и зајакнување на регионалната соработка како начин за надминување на предизвиците кои претстојат. На состанокот се разговараше и за соработката меѓу земјите од Југоисточна Европа во повеќе области, при што се потенцираа проектите во патната инфраструктура и енергетиката.

 

Во рамките на Состанокот на Министрите за финансии од Југоисточна Европа, Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставрески ги презентираше остварените резултати на македонската економија во 2009 и проекциите за 2010 година. Притоа, компаративната анализа со земјите од регионот покажува дека Македонија подобро од другите земји се справи со последиците од светската економска криза, односно имаше понизок пад на БДП, помал буџетски дефицит и поблаги последици од кризата врз реалниот сектор и пазарот на работна сила. Очекуваното заздравување на економијата во 2010 и понатаму подразбира одржување на умерена фискална поддршка и продолжување со реформите и мерките за поддршка на стопанството.

 

Во рамките на дводневниот состанок, Вицепремиерот и Министер за финансии Ставрески оствари билатерални средби со Вицепремиерот на Турција Али Бабаџан, како и со министрите и заменици министри за финансии на Хрватска, Романија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора и Молдавија.

 

слики од настанот

Comments are closed.