Заменикот претседател на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески ќе учествува на Меѓународниот економски форум, кој се одржува од 17 до 19 јуни во Санкт Петерсбург.

&nbsp

Станува збор за еден од најголемите форуми во светот на кој учествуваат најпознатите политички лидери, интелектуалци и новинари избрани да разговараат за најактуелните прашања со кои се соочува светот. Меѓу темите на форумот се финансиите после кризата, глобалната енергија и иднината на пазарот за гас, предизвиците на пензискиот систем во 21 век и други актуелни теми од економијата.

&nbsp

Во рамки на форумот ќе се остварат и билатерални средби со раководството на Гаспром и Лукоил.

&nbsp

Во сабота вицепремиерот и министер за финансии Ставрески и вицепремиерот и министер за финансии на Руската федерација ќе ја потпишат спогодбата за клириншкиот долг меѓу Македонија и Русија.

Comments are closed.