Заменик Претседател на Владата на Република Македонија и Министер за финансии Зоран Ставрески, денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за финансии на земјите членки на Европската Унија со министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите кандидати за членство.
 
Целта на состанокот е развивање дијалог помеѓу земјите членки на Европската унија со земјите кандидати за актуелните состојби во финансиските системи и нивна конвергенција на патот кон ЕУ.
 
На состанокот ќе бидат разгледани и заклучоците од Претпристапната економска програма, која претставува тригодишна макроекономска и фискална програма во на секоја земја кандидат за членство во ЕУ во која се презентираат планираните структурни реформи и актуелните фисклани политики.
 
Вицепремиерот Ставрески на состанокот ќе ја презентира економската состојба во Република Македонија, напредокот во спроведувањето на реформите, ефектите од глобалната економска и финансиска криза врз реалниот и финансискиот сектор, како и мерките на Владата на Република Македонија за надминување на економската криза.
 
На министерскиот состанок ќе присуствуваат и еврокомесарот за економски работи, Оли Рен и министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од ЕУ.