Скопје, 2 ноември 201 (МИА) – Буџетот за наредната година е проектиран на 169 милијади денари, приходите се предвидени на 159 милијарди денари, а буџетскиот дефицит е 2,5 проценти од БДП.
Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по усвојување на буџетот од страна на Владата, кој треба да се прати на разгледување во Собранието.
Според предлогот предвидено е зголеување на капиталните расходи за 28 отсто, а повеќе средства ќе има и за образованието, здравството и инфраструктурата. Растот на БДП е проектиран на 4,5 проценти, а инфлацијата на 2,5 отсто.
Според министерот за финансии буџетот за наредната година е реален остварлив и објективен.