Пакет од десетина мерки за штедење, донесе Владата на денешната седница.

&nbsp

Мерките предвидуваат намалување на платите на премиерот, министрите, замениците министри како и на именуваните државни фунционери за 10% до 2011 година. Замрзнувањето на платите во јавниот сектор пак, е пролонгирано до септември 2012 година.

&nbsp

Во текот на 2010 и 2011 година јавните претпријатија ќе мораат 80% од добивката да ја уплаќаат во буџетот. За истиот период јавните претпријатија нема да можат да доделуваат К -15 и награди на вработените.

&nbsp

Се намалуваат и надоместоците за управни и надзорни одбори за 30% во текот на 2010 и 2011 година. Истовремено, ќе се формира и работна група која ќе направи анализа за можностите за оптимизација на органите во состав на министерствата, како агенции, управи, фондови, бироа, центри и сл., со цел да се види кој од нив би можеле да работат како сектори во рамките на министерствата. На тој начин, дополнително би се намалиле трошоците за управни и надзорни одбори.

&nbsp

Согласно мерките се укинуваат дневниците за патување во земјата, додека дневниците за патување во странство се намалуваат за 30% до крајот на 2011 година. Министрите и замениците министри, пак целосно се откажуваат од дневниците во текот на оваа и следната година, а истото им е препорачано и на сите директори на буџетските корисници.

&nbsp

Ќе се намалат и лимитите за службените мобилни телефони за 30 % заклучно со 2011, а ќе се воспостават лимити за трошоците за фиксни телефони.

&nbsp

Апанажата ќе биде намалена во однос на досегашното решение кое обезбедуваше 12 – месечна апанажа, независно колку време функционерот бил на функција. Согласно мерките, ако бил на функција до 6 месеци, на истиот му следуваат 3 месеци апанажа, ако бил на функција меѓу 6 и 12 месеци му следуваат 6 месеци апанажа, од 12 до 24 месеци – 9 месеци апанажа, а за над 24 месеци следува 12 месечна апанажа.

Comments are closed.