Во наредните девет месеци царината за увоз на белиот шеќер ќе изнесува пет отсто. Одлуката да се намали царината од 30 проценти, колку што изнесуваше досега ја донесе Владата на завчерашната седница.

&nbsp

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција истакна дека мерката е во насока на поддршка на домашната кондиторска индустрија и поддршка на македонското стопанство.

&nbsp

– Воведена е на барање на стопанството и соодветствува на условите на пазарот, односно заради зголемување на берзанската цена на шеќерот поради состојбите во земјите кои се главни производители на шеќер Тајланд, Бразил и Австралија, рече Ставрески.

&nbsp

Тој најави дека доколку се позитивни ефектите од оваа времена мерка, а Владата очекува да бидат, таа мерка ќе продолжи и натаму и ќе се трансферира во долгорочно намалување на царинската стапка.

&nbsp

– Засега нема размислувања за намалување на царината на пченицата, затоа што имаме сопствено производство, а не се размислува и за намалување на акцизите на нафтените деривати, рече Ставрески.

&nbsp

За тоа дали ќе се пролонгира рокот за поднесување барање за откуп на дворното земјиште, министерот Ставрески истакна дека засега крајниот рок е 27 јануари годинава и оти по завршување на тој рок ќе се направи анализа каква е состојата и околностите и врз основа на тоа Владата ќе донесе соодветна одлука дали треба да се даде нова можност или да заврши со овој рок. Во последните два месеца, како што истакна министерот интересот на граѓаните е голем.

&nbsp

– Во јануари се поднесени над 8.000 барања, а во декември 10.000, што значи секојдневно нови 1.500 барања, што го покажува интересот на граѓаните за оваа мерка и дека се работи за добра мерка и во корист на граѓаните, истакна министерот за финансии.

&nbsp

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Ставрески истакна дека Република Македонија ја заврши 2010 година со буџетски дефицит од 2,5 проценти колку што беше проектиран и 100-процентна наплата на даноците.

&nbsp

– Во одделни сегменти имамевме нешто повисока наплата, но во целина е реализирано она што беше предвидено, наплатата на даноците и вкупно реализацијата на Буџетот за 2010 година, рече министерот и додаде дека со ова паднаа во вода сите апокалиптични сценарија на опозицијата за тоа дали ќе се рализираат даночните приходи и капиталните инвестиции.

&nbsp

 

Се се реализираше, појасни министерот, како што предвидовме и како што беше проектирано, односно Македонија задржа ниско умерено ниво на буџетски дефицит и комплетно се реализирани планираните буџетски приходи како што беше предвидено.(МИА)

Comments are closed.

Close Search Window