Владата ќе помогне во обештетувањето на жителите од кривопаланечкиот регион што деовиве го зафати силно невреме, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при посетата на селото Псача, општина Ранковце.

&nbsp

Ставрески, кој беше придружуван од градоначалникот на општина Ранковце Орце Тодоровски, констатира дека со излевањето на реката Псачница по силните вренжи дожд се предизвикани големи оштетувања на куќите и имотите.

&nbsp

– Се работи за големи оштетувања од невремето. Добро е што Општината успеала да ги санира првичните штети, но очигледно се работи за поголеми штети кои ја надминуваат финасиската моќ на општина Ранковце. Ние како Влада ќе помогнеме со обештетување на дел од штетите. Се договоривме со градоначалникот да ја убрза постапката со комисијата што ја формирал, да го направи записникот за тоа какви се и колкави се штетите и да го достави до Владата која ќе го разгледа и во согласност на финасиските можности ќе помогнеме на жителите на Псача за напавените штети и врз куќите и врз бавчите и останато земјоделско земјиште, истакна Ставрески.

&nbsp

Владата, додаде министерот, ќе направи напори за максимално краток рок да изврши обештетување како што беше случај со општините Гевгелија, Валандово, Василево и Струмица кои исто така беа зафатени од елементарни непогоди.

&nbsp

Реката Псачница во петокот, надојдена од поројните дождови, го поплави селото Псача на територијата на Ранковце. По невремето што според жителите траеше два часа, голема количина вода од реката, носејќи дрвја, камења и песок направила големи штети на куќите. Во петокот вечерта Псача немаше струја и вода, а целосно беше оштетен и патот кој води до селата Одрено и Опила. По течението на долот уништени беа и телефонските кабли. Општина Ранковци следниот ден формираше кризен штаб и со механизација на комуналните претпријатија почна да работи на санирање на штетите.

&nbsp

Од поплавата повредни немаше, но настрада покуќнината, земјоделската механизација и дел од добитокот кој мештаните не успеале да го спасат.(МИА)

Comments are closed.